Ценовник

За висина, условите и начин на плаќање на такса за приклучок на дистрибутивен гасоводен систем на Ј.П,,Куманово-Гас’’Куманово на територија на Општина Куманово.

Picture1

(Б) Цена на КГП го опфаќа материјалот , опремата и работите изведени за должина на куќен гасен приклучок до 12 м со мерно – регулационен сет. За должина на КГП преку 12.м се доплатува.
(В) Сите цени се дадени во евра и се наплатуваат во денарска противвредност по среден курс на НБМ на денот на уплатата.
(Г) Со уплата од 200 евра со ДДВ ,во тек на градежните работи на ДГМ , на идните потрошувачи ќе биде изграден дел од приклучокот до влезот во дворот. Подоцна, со доплата до основната цена, ќе биде изграден комплетен КГП.

(Д) За приклучок на големи потрошувачи со Мерно регулациони сетови од типот Г-160 и Г-250 цените се намалуваат за 20% од предвидената вредност во табелата само за објекти од областа на здравството, културата и образованието.

(Ѓ) Мерно регулациони сетови од сите типови, ЈП,,Куманово-Гас’’Куманово може да ги дава на отплата до 12 месечни рати, по претходно донесена одлука од страна на Управен одбор на ЈП,,Куманово-Гас’’Куманово.

Одделните термини употребени во овој Ценовник имаат следно значење:
• Терминот ,, Во тек на градежни работи на улица’’ подразбира време до моментот на започнување на работите за враќање на раскопани површини во првобитна состојба на траса на дистрибутивна гасоводна мрежа на улица каде е местото на приклучување на идниот корисник на дистрибутивна гасоводна мрежа на Ј.П,,Куманово-Гас’’ Куманово.
• Терминот ,,По завршеток на градежни работи на улица’’ – подразбира време од моментот на започнување на работите за враќање раскопани површини во првобитна состојба на траса на дистрибутивна гасоводна мрежа на улица каде е местото на приклучување на идниот корисник на дистрибутивна гасоводна мрежа на Ј.П,,Куманово-Гас’’ Куманово.
• Терминот ,,Плаќање пред започнување на изградба на немерен дел’’ – подразбира време пред да започнат било кои работи за изградба на немерен дел на внатрешна гасна инсталација во станбена зграда.
• Терминот ,,Плаќање после изградба на немерен дел’’ – подрабира време од моментот на почеток на било кои работи за изградба на немерен дел на внатрешна гасна инсталација во станбена зграда.
Овој ценовник се применува за трошоци на приклучната такса за објекти кои се наоѓаат на територија на Општина Куманово, на кои им се одобрува приклучување на дистрибутивна гасоводна мрежа која ја гради Ј.П,, Куманово –Гас’’ Куманово.


Ценовникот бр.02-232/1 од 10.12.2010 година го има донесено Управерн одбор на Ј.П. Куманово-Гас Куманово.
Согласност на Совет на Општина Куманово бр.07-12037/5 од 14.12.2010 година.
Дополнување на ценовник бр. 03-315/5/1 од 04.06.2014 Донесен од Управен одбор на Ј.П.Куманово-Гас Куманово.

Start typing and press Enter to search