Активности

gaspipes

Ј.П.Кумсново –гас  моментално е фокусирано на приклучуванње на ЈЗУ Општа Болница Куманово со која Јавното претпријатие имам потпишано енергецко- технички и економски услови, и се надеваме дека во најскоро време ќе ја приклучиме на гасоводниот систем на Ј.П Куманово-Гас

Исто така сакам да напомена дека на ден 11.04.2014 година Ј.П.Куманово-гас Куманово, врз основа на член 16 од Законот за градење се стекна со лиценца за проектирање на градби од втора категорија, со која лиценца велегува во една нова фаза а тоа е проектирање на гасоводната мрежа на град Куманово. На основа на оваа лиценца е изработен проект за инфраструктура за скоро целата територија на општина Куманово, кој е во фаза на одобрување од надлежните институции.

Што се однесува до домаќинствата, се прават подготовки за приклучување на станбената единица на инвеститори кои станбени единица се наоѓа на булеварот Октомвриска револуција, кој ја имаaт сета техничка документација од надлежните институции и одобрувања од   Министерството за Внатрешни работи , дирекцијата за Заштита и спасување на кои им упатувам благодарност.

Исто така моментално сме во фаза на изготувување на Основниот проект на дел од градот кој опфаќа дел од ул. Никола Вапцаров, мал дел од улицата 11 Ноември делот, околу градската болница па се до основното училиште Толи Зордумис. Во оваа прилика би ги замолил граѓаните од овој дел кои појавуваат интерес за приклучување на гасоводната мрежа да дојдат во просториите на Ј.П Куманово-гас за да ги запознаеме и отпоченме со фазата за нивно приклучување.

Исто така треба да истакнам дека со новите предлози за измена на Закон за градење станбените објекти кои имаат повеќе од десет станбени единици во  основната техничка документација ќе мора да имаат и фаза гас, со што на идните сопственици на станбените единици ќе им се овозмо полесно да се приклучат на гас. Се надевам дека  овие  предлози за измена на закон за градење ќе бидат усвоени бо Собранието на Р.М.

Start typing and press Enter to search