ЈП„Куманово-Гас“Куманово објавува Оглас за вработување на давател на јавна услуга на определено време за 1 година бр.01/2021

 In News, Uncategorized

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи, член 20 – г и член 22 став 1 алинеја 2 од Законот за вработените во јавениот сектор, член  37 – е од Законот за јавни претпријатија, Одлуката за потреба од работници бр. 03-416/1 од 29.07.2021 година, правилникот за формата и содржината на јавниот оглас за вработување и интерниот оглас за унапредување, начинот на поднесување на пријавата за вработување и унапредување, начинот на спроведување на селекцијата за вработување и за унапредување како и начинот на нивното бодување за даватели на услуги и помошно технички лица бр. 03-196/1 од 13.07.2018 година, донесен од страна на Управен одбор на претпријатието и член 33 од статутот на ЈП„Куманово-Гас“-Куманово, а согласно правилникот за организација и систематизација на работните места, Директорот на претпријатието објавува:

О Г Л А С

За вработување работник на определено време од 1 година во ЈП „Куманово-Гас“ Куманово бр.01/2021

ЈП „Куманово-Гас“ Куманово има потреба од вработување на работник на определено време од 1 (една) година и тоа на следното работно место:

I .Давател на јавни услуги  

  1. КДР 03 05 Б01 076 –Проектант од областа на градежништво, Сектор за технички работи и развој Одделение за урбанистичко планирање, ГИС и проектирање – 1 (еден) извршител

Општи услови утврдени со Законот за јавни претпријатија,  за давател на јавни услуги од категорија Б се:

  • Да е државјанин на Република Македонија,
  • Активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен
  • да има општа здравствена способност за работното место,
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

Посебни услови утврдени со Законот за јавни претпријатија за  давател на јавни услуги од категорија Б се:

  • Стручни квалификации:
  • Давател на јавна услуга од категорија Б, од прво ниво (Б1), со стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен  VI Б степен; градежништво и водостопанство
  • Со најмалку три години работно искуство во струката.

Распоред на работно време:

  • Работни денови: понеделник – петок
  • Работни часови неделно 40
  • Работно време 07:00 до 15:00

Паричен нето износ на плата: 27.839 денари.

Кандидатите доставуваат пријава која треба да ја содржи следната содржина:

  1. Податоци  за огласот-број на оглас-органот што го објавува јавниот оглас- работното место за кое се пријавува.
  2. Лични податоци на кандидатот-име-презиме-припадност на заедница-датум на раѓање-пол-ЕМБГ-адреса на живеење(улица и број, место)-контакт адреса(улица и број, место)-контакт телефон(мобилен,фиксен)-емаил адреса.
  3. Податоци за исполнување на општите услови и податоци за исполнување на посебните услови
  4. Изјава за веродостојност на податоците
  5. Потпис на кандидатот и датум на поднесување на пријавата

Образецот на пријавата за вработување се подига од архивата на ЈП „Куманово-Гас“ Куманово.

Кандидатите покрај пријавата да достават доказ за завршено образование и работно искуство во струка.

Напомена: Ненавремено и некoмплетно пополнети пријави нема да се разгледаат.

Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 3 работни дена сметано од денот на објавување на огласот.

Пријавата со потребната документација се доставува до Архивата на ЈП „Куманово-Гас“ ул. Братство единство број.20

По извршената административна селекција на пријавените кандидати за пополнување на наведеното работно место уредните кандидати ќе бидат дополнително повикани на интервју во просториите на Јавно претпријатие „Куманово-Гас“КУманово

Recent Posts

Leave a Comment

Start typing and press Enter to search