О Д Л У К А за избор на кандидати по оглас 01/2019

 In Uncategorized

Врз основа на Член 33 од Статутот на Јавното Претпријатие „Куманово – Гас“ Куманово, врз основа на член 37 – м од Законот за работни односи како и член 16 од Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас како и пријава за вработување и унапредување, начинот на спроведување на селекција  за вработување и унапредување, како и начинот на нивното бодување за даватели на услуги и помошно технички лица во ЈП „Куманово-Гас„ Куманово на 12.12.2019 година В.Д Директорот на ЈП „Куманово-Гас“ Куманово ја донесе следнава:

О Д Л У К А

за избор на кандидати по оглас 01/2019

Се врши избор по објавениот оглас бр. 01/2019 од 05.12.2019 година за прием на еден работник (давател на јавна услуга) и тоа Борис Аскелиевски на работно место КДР 03 05 Б01 069 – Инжинер за услуги и одржување

Оваа одлука стапува на сила со денот на нејзиното донесување.

Образложение

На ден 05.12.2019 година беше распишан оглас бр.01/2019 година за вработување на еден извршител на определено време, со општи и посебни услови предвидени како во огласот за вработување.

По истекот на рокот одреден во огласот пријавените кандидати поточно нивните пријави со приложените докази беа предмет на разгледување пред комисијата за селекција која испитува дали согласно приложените документи кандидатите ги исполнуваат општите и посебните услови по огласот за вработување на определено време.

На ден 12.12.2019 година комисијата за селекција ја разгледа документацијата на пријавените кандидати и по спроведување на интервјуто изврши бодирање за што состави и записник и до индивидуалниот орган на управување истата го достави записникот со конечна ранг листа и предлог кој кандидат да биде избран за кој има оценка дека во целост ги исполнува условите по огласот.

Индивидуалниот орган на управување откако ја разгледа целокупната документација и како станува збор за единствен кандидат по конкурсот а имајќи ги во предвид неспорните факти дека поради итноста од потребата од стручен технички кадар во ЈП „Куманово – Гас“ Куманово како претпријатието би можело нормално да функционира и областите коишто останаа непокриени како резултат на заминувањето на претходното техничко лице кое што беше вработено во претпријатието и тоа на негово барање, но и како не би дошло до ненадомесливи штети поради недостаток на стручен технички кадар и зголемениот обем на работа, а со оглед и на фактот дека предложениот кандидат од страна на комисијата за селекција е единствениот кандидат кој се пријавил по огласот и ги исполнува општите и посебните услови веднаш ќе се пристапи кон потпишување на договорот за вработување на определено време.

Во одлуката дадена е поука која во конкретниот случај е безпредметна со оглед на погоре наведената правна и фактичка состојба.

Правна поука: Против оваа одлука незадоволниот кандидат има право во рок од 8 (осум) дена да поднесе жалба до надлежен орган согласно закон.

Куманово                                                                                    ЈП „Куманово-Гас“ Куманово

12.12.2019 година                                                                                  В.Д Директор

                                                                                                _____________________________

                                                                                               м-р Никола Денковски дипл.економ

Recent Posts

Leave a Comment

Start typing and press Enter to search