Оглас за вработување работници на определено време од 2 месеци во ЈП „Куманово-Гас“ Куманово бр.01/2020

 In News

Врз основа на член 22 и 23 и член 46 од Законот за работни односи, член 20 – г од Законот за вработените во јавениот сектор, член  37 – е од законот за јавни претпријатија, Одлуката за потреба од работници бр.03-440/2 од 29.11.2019година, а согласно правилникот за организација и систематизација на работните места, директорот на претпријатието објавува:

О Г Л А С

За вработување работници на определено време од 2 месеци во ЈП „Куманово-Гас“ Куманово бр.01/2020

ЈП „Куманово-Гас“ Куманово има потреба од вработување на работници на определено време од 2 месеци, и тоа на следното работно место:

I .Стручни лица

  1. КДР 03 05 Б01 069 –Инженер за услуги и одржување, Сектор за технички работи и развој одделение за одржување и приклучоци – 1 (еден) извршител

Општи услови утврдени со Законот за јавни претпријатија,  Законот за работни односи за стручни лица се:

  • Да е државјанин на Република Македонија,
  • Активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен
  • да има општа здравствена способност за работното место,
  • со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

Посебни услови утврдени со Законот за јавни претпријатија за  раководни лица се:

  • Стручни квалификации:
  • Давател на јавна услуга од категорија Б, од прво ниво (Б1), со стекнати најмалку 180 кредитиспоред ЕКТС или завршен  VI Б степен; машинство, енергетика, металургија.
  • Со најмалку три години работно искуство во струката.

Распоред на работно време:

  • Работни денови: понеделник – петок
  • Работни часови неделно 40
  • Работно време 07:00 до 15:00

Паричен нето износ на плата: 27.546денари.

Кандидатите доставуваат пријава која треба да ја содржи следната содржина:

  1. Податоци  за огласот-број на оглас-органот што го објавува јавниот оглас-реден број на работното место за кое се пријавува.
  2. Лични податоци на кандидатот-име-презиме-припадност на заедница-датум на раѓање-пол-ЕМБГ-адреса на живеење(улица и број, место)-контакт адреса(улица и број, место)-контакт телефон(мобилен,фиксен)-емаил адреса.
  3. Податоци за исполнување на општите услови и податоци за исполнување на посебните услови
  4. Изјава за веродостојност на податоците
  5. Потпис на кандидатот и датум на поднесување на пријавата

Образецот на пријавата за вработување се подига од архивата на ЈП „Куманово-Гас“ Куманово.

Кандидатите покрај пријавата да достават доказ за завршено образование и работно искуство во струка.

Напомена: Ненавремено и некoмплетно пополнети пријави нема да се разгледаат.

Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 3 работни дена сметано од денот на објавување на огласот.

Пријавата со потребната документација се доставува до Архивата на ЈП „Куманово-Гас“ ул. Братство единство број.20

Recent Posts

Leave a Comment

Start typing and press Enter to search