Врз основа на член 17 став (7) од Законот за вработените во јавниот сектор (“Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14 и 199/14), В.Д Директорот на ЈП „Куманово – Гас“ Куманово, на ден 15.07.2019  година, донесе

ПРАВИЛНИК

за систематизација на работните места во ЈП Куманово-гас Куманово

I.ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

Член 1

Со овој правилник се утврдува вкупен број на работни места (административни службеници, даватели на услуги, помошно – технички лица) во ЈП Куманово-Гас извршување на работите и на задачите на одделните работни места, како и описот на работните места, распоредени по организациони единици, утврдени согласно Правилникот за внатрешна организација на ЈП Куманово-гас број 02-213/1 од 15.07.2019 година.

Член 2

Работите и задачите што се вршат во ЈП Куманово – Гас се определуваат, согласно нивната сродност, меѓусебна поврзаност, видот, обемот и степенот на сложеноста, одговорноста и другите услови за нивното извршување.

Член 3

Работите и задачите утврдени со овој правилник претставуваат основа за вработување и распоредување на вработените во ЈП „Куманово-Гас“ Куманово.

Член 4

Табеларниот преглед (работна карта) на работните места во ЈП „Куманово-Гас“ Куманово е составен дел на овој правилник.

 

II.РАСПОРЕД И ОПИС НА РАБОТНИТЕ МЕСТА НА АДМИНИСТРАТИВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ

Член 5

            Во овој правилник се утврдени и опишани вкупно 10 работни места на административните службеници, со вкупно 10 извршители распоредени по организациони единици согласно Правилникот за внатрешна организација на ЈП Куманово-Гас бр.02-213/1 од 15.07.2019  година.

Член 6

Работните места од членот 5 на овој правилник се распоредени на следниот начин:

( јавни службеници)                                                                                                                     

  • Ниво Б1 -1 (еден)
  • Ниво Б2 – /
  • Ниво Б3- /
  • Ниво Б4 -2 (два)
  • Ниво В1- 3 (три)
  • Ниво В2 -/
  • Ниво В3- /
  • Ниво В4- /
  • Ниво Г1- 4 ( три )
  • Ниво Г2 – /
  • Ниво Г3 – /
  • Ниво Г4 – /
Член 7           Општи услови утврдени со Законот за административните службеници се: –       да е државјанин на Република Македонија, т.
 

Член 8 (1)  Посебни услови утврдени со Законот за административните службеници, за раководните административни службеници од категоријата Б се:   Стручни квалификации за сите нивоа – ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен;активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, потврда за положен испит за административно управување, работно искуство, и тоа: за нивото Б1 најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку десет години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор, за нивото Б2 најмалку пет години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку осум години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор или за нивоата Б3 и Б4 најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор;Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
(2) Потреби општи работни комепетенции на напредно ниво: решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг; учење и развој; комуникација; остварување резултати;работење со други/тимска работа;
стратешка свест; ориентираност кон странките/засегнати страни; раководење; и финансиско управување.    

Член 9          (1)  Посебни услови утврдени со закон за стручните административни службеници од категоријата В се: стручни квалификации, и тоа: за нивото В1 ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен и за нивоата B2, В3 и В4 ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, работно искуство, и тоа: за нивото В1 најмалку три години работно искуство во струката, за нивото В2 најмалку две години работно искуство во струката, за нивото В3 најмалку една години работно искуство во струката или за нивото В4 со или без работно искуство во струката;Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
 (2) Потреби општи работни комепетенции на средно ниво: решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг; учење и развој; комуникација; остварување резултати; работење со други/тимска работа; стратешка свест; ориентираност кон клиенти/засегнати страни; и финансиско управување.

Член 10          (1)  Посебни услови утврдени со Законот за административните службеници за помошно – стручни административни службеници од категоријата Г се: ниво на стручни квалификации V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование.активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, работно искуство, и тоа: за нивото Г1 најмалку три години работно искуство во струката, за нивото Г2 најмалку две години работно искуство во струката, за нивото Г3 најмалку една години работно искуство во струката или за нивото Г4 со или без работно искуство во струката;Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
   (2) Потреби општи работни комепетенции на основно ниво: учење и развој; комуникација; остварување резултати; работење со други/тимска работа; ориентираност кон странките/засегнати страни; и финансиско управување.  

III.РАСПОРЕД И ОПИС НА РАБОТНИТЕ МЕСТА НА ДАВАТЕЛИTE  НА УСЛУГИ

Член 11

            Во овој правилник се утврдени и опишани вкупно 12 работни места на давателите на услуги во областа на комунална дејност со вкупно 18 извршители, распоредени по организациони единици согласно Правилникот за внатрешна организација на ЈП Куманово-гас, број 02-213/1 од 15.07.2019  година.

Член 12

Работните места  на давателите на услуги од членот 11 на овој правилник се распоредени на следниот начин:

( Категорија А раководни)

  • Ниво А1 – 1 (еден)
  • Ниво А2 –/
  • Ниво А3 –3 (три)
  • Ниво А4- /

 (Категорија Б стручни)

  • Ниво Б1 – 5 (пет)      
  • Ниво Б2 – /     
  • Ниво Б3- 6 (шест)
  • Ниво Б4- /

 (Категорија В помошно – стручни)

  • Ниво В1- /
  • Ниво В2 – 3 (три)
  •  

Член 13           Општи услови утврдени со Закон за јавни претпријатија за давателите на услуги во ЈП Куманово -гас се: да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

                                                                           Член 14 Посебни услови утврдени со Законот за јавни претријатија за давателите на услуги во ЈП Куманово-гас од категоријата А се: Стручни квалификации: најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен;работно искуство, и тоа: за нивото А1 најмалку четири години работно искуство во струката, од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката, од кои најмалку три години на раководно работно место во приватнен сектор;за нивото А2 најмалку три години работно искуство во струката, од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку пет години работно искуство во струката, од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен секторза нивото А3 И А4 најмалку две години работно искуство во струката, од кои најмалку една години на работно место во јавен сектор, односно најмалку четири години работно искуство во струката, од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор,активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работни места за соодветно работно место.   Член 15 Посебни услови утврдени со Законот за јавни претријатија за давателите на услуги во ЈП Куманово-гас од категоријата Б се: За нивото Б1 стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VI Б степен; За нивоата Б2, Б3 и Б4 стекнато најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование. работно искуство, и тоа: за нивото Б1 најмалку три години работно искуство во струката; за нивото Б2 најмалку две години работно искуство во струката; за нивото Б3 најмалку една година работно искуство во струката; за нивото Б4 со или без работно искуство во струката. други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работни места за соодветно работно место.               Член 16 (1 Посебни услови утврдени со Законот за јавни претријатија за давателите на услуги во ЈП „Куманово-Гас“ од категоријата В се: за сите нивоа – најмалку ниво на квалификации I или основно образование;работно искуство, и тоа: за нивото В1  најмалку една години работно искуство во струката;за нивото В2 со или без работно искуство во струката
IV. РАСПОРЕД И ОПИС НА РАБОТНИТЕ МЕСТА НА ПОМОШНО – ТЕХНИЧКИ ЛИЦА             Член 17             Во овој правилник се утврдени и опишани вкупно 0 работни места, со вкупно 0 извршители на помошно – техничките лица, распоредени по организациони единици согласно Правилникот за внатрешна организација на ЈП ,,Куманово – Гас’’ Куманово, број 02-213/1 од 15.07.2019 година.   Член 18 Работните места од членот 17 на овој правилник се распоредени на следниот начин: (одржување на објекти и опрема) Ниво А1 –  помошно-технички лица од прво ниво- /   Ниво А2 – помошно-технички лица од второ ниво- /Ниво А3 – помошно-технички лица од трето ниво – /      (обезбедување на објекти и опрема) Ниво А1 – помошно-технички лица од прво ниво- /            Ниво А2 –  помошно-технички лица од второ ниво- /Ниво А3 –  помошно-технички лица од трето ниво- /    (превоз на лица и опрема) Ниво А1- помошно-технички лица од прво ниво- /Ниво А2 – помошно-технички лица од второ ниво- /Ниво А3 – помошно-технички лица од трето ниво- /   (други помошно – технички лица) Ниво А1 – помошно-технички лица од прво ниво- /Ниво А2 – помошно-технички лица од второ ниво- /Ниво А3 – помошно-технички лица од трето ниво- /    
                                                                          Член 19           Општи услови утврдени со Законот за јавни претпријатија,  Законот за работни односи за помошно – техничките лица се: да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
                                                                           Член 20          (1)  Посебни услови утврдени со Законот за јавни претпријатија за  помошно –техничките лица во ЈП ,,Куманово – Гас’’ Куманово за категоријата А  се: Стручни квалификации:помошно-технички лица од прво ниво (А1), со најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четиригодишно средно образование,  помошно-технички лица од второ ниво (А2), со најмалку ниво на квалификации III, 180 кредити според ЕЦВЕТ или тригодишно средно образование и  помошно-технички лица од трето ниво (А3) со најмалку ниво на квалификации I или основно образование.               Вработените во Јавното претпријатие кои вршат помошно технички работи со кои се овозможува непречено функционирање на Јавното претпријатие имаат статус на помошно технички лица и за нивниот работен однос се применуваат одредбите од Законот за вработени во јавен сектор и општите прописи за работни односи.             Звањата за помошно техничките лица од трето ниво во овој член подетално ги пропишува Директорот на јавното претпријатие во Актот за систематизација на работни места согласно со спецификите на дејноста која ја извршува јавното претпријатие.    

V.ТАБЕЛАРЕН ПРИКАЗ НА РАБОТНИТЕ МЕСТА ВО ЈП ,,КУМАНОВО-ГАС’’ КУМАНОВО.

Сектор
Одделение
Реден број 1.
Шифра КДР 01 02 Б01 022
Ниво Б1
Звање на работно место Помошник директор
Назив на работно место Помошник директор
Број на извршители 1
Одговара пред Директорот
Вид на образование Правни науки,  Економски науки
Други посебни услови                                                     
Работни цели   Обезбедување нормативна – правна подршка при работењето на претпријатието и остварување соработка со институците во јавниот сектор.
Работни задачи   -Го заменува Директорот за време на негово отсуство; -Соработува со државни органи и органите на локалната самоуправа во врскаа со реализација на Програмата за работа на Претпријатието; -Врши координација во Претпријатието со раководителите на Одделенијата; -Ги врши работите на координација и соработка со Регулаторната комисија за енергетика на РМ. -Му предлага на Директорот нови активности за унапредување на работата на претпријатието. -ја координира меѓусекторска соработка – ја обединува и унапредува работата во хоризонтална и вертикална  насока и иницира постапка за усовршување и креирање на политики за создавање на професионализам во работата на јавните службеници, – ја следи законитоста на прописите на Управниот одбор – координира со подготвување на материјали и предлози за стратешки документи на претпријатието, – ги следи и се грижи за спроведување на одлуките , заклучоците , насоките и упатствата на УО и директорот -го следи извршувањето на одлуките на Управниот одбор.
Сектор
Одделение
Реден број 2.
Шифра КДР 01 02 В01 067
Ниво Б1
Звање на работно место Самостоен советник на директорот/советник на директор
Назив на работно место Советник за административно правни работи и управување со човечки ресурси
Број на извршители 1
Одговара пред Директорот
Вид на образование Правни  науки
Други посебни услови                                                        
Работни цели     Обезбедување нормативна – правна подршка при работењето на претпријатието и остварување соработка со институците во јавниот сектор.
Работни задачи           Ги следи и применува законите и прописите од областа во која што работи, со цел законито изготвување на општи и поединечни акти на претпријатието; -изработува општи и поединечни акти на претпријатието -постапува по предметите што се однесуваат на поднесените барања согласно Законот за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер , подготвува и доставува годишен извештај до Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. -учествува во оценувањето на административни службеници во претпријатието и на административни службеници во други институции; -соработува со другите административни службеници од претпријатието; -дава стручна помош и учествува при изработувањето на договорите за јавни набавки за потребите на претпријатието; -учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на претпријатието; -склучува договори за извршување на услуги. -прибира доставена документација поради утужување и ги обавува сите правни работи во врска со спорови. -дава стручна помош,совети и врши менторство на административни службеници од пониските нивоа.
Сектор
Одделение
Реден број 3.
Шифра КДР 01 02 Г01 007
Ниво Г1
Звање на работно место Самостоен референт
Назив на работно место Самостоен референт – Технички секретар на директорот
Број на извршители 1
Одговара пред Директорот
Вид на образование Вишо/Средно
Други посебни услови  
Работни цели   Адмнистративно – технички работи за потребите на Директорот
Работни задачи           -Прима и вклучува телефонски порачки уредно и точно за градски и меѓународни разговори; -Обезбедува и дава телефонски врски за лица во и вон Претпријатието; -Го води вкупното архивско работење на Претпријатието и за истото е одговорен пред надлежните Државни органи. -Ја прима, заведува и разведува поштата во Претпријатието по оделенија и извршители. -Ја води целокупната коренсподенција со правни и физички лица како и со надлежните органи на државно и локално ниво. -Требува и издава канцелариски материјал на работниците во Претпријатието. -Учествува во подготовка на седниците на Управниот и Надзорниот одбор, изготвува материјали за истите, ги води записниците од седниците, го обработува и чува материјалот од седниците. -Обавува и други работи што ќе бидат ставени во надлежност.
Сектор
Одделение
Реден број 4.
Шифра КДР 01 02 Г01 001
Ниво Г01
Звање на работно место  
Назив на работно место Самостоен референт за безбедност и здравје при работа
Број на извршители 1
Вид на образование индустриско инженерство и менаџмент, гимназија, право
Други посебни услови  
Работни цели   Примена на законските прописи за безбедност и здравје при работа и ППЗ
Работни задачи           -Ги спроведува прописите од областа на БЗР и ППЗ и учествува во нивно донесување; -води досие за повреда на работа; -ја организира обуката на работниците за БЗР; -ги организира периодичните здравствени прегледи на вработените; -врши контрола на периодични прегледи на орудија и уреди за работа и води евиденција за заштитни средства; -врши и други работи поврзани со безбедност и здравје при работа и штети причинети кон трети лица што ќе му ги довери раководителот на одделението.
Сектор
01.Одделение за комерција
Реден број 5.
Шифра КДР 01 02 Б04 008
Ниво Б4
Звање на работно место Раководител на одделение
Назив на работно место Раководител на одделение за комерција
Број на извршители 1
Одговара пред Директорот
Вид на образование Економски науки
Други посебни услови      
Работни цели       Ефикасно ефективно и квалитетно раководи со оделението како и ефикасна примена на позитивните законски прописи, ги врши најсложените работи од доменот на одделението, го следи спроведување на планот на јавни набавки на претпријатието како и дава подршка на целиот тим во одделението.
Работни задачи           -Раковододи со одделението и ја организира насочува и координира работата на одделението и врши непосредна контрола и надзор на извршувањето на работите. -Ги распоредува работите и задачите на вработените во одделението. -Им дава упатства за работа и потребна стручна помош во работата и вршењето на најсложените работи и го следи текот на нивното извршување. -Изготвува и се грижи за остварување на планот на одделението. -Одговара за навремено, законито и квалитетно вршење на работите и задачите во делокруг на одделението. -Врши анализа и оценување на прашања и проблеми кои се појавуваат во работењето. -Иницира нови идеи за работа во областа која ја покрива одделението. -Ги следи и применува законите и прописите од областа на јавните набавки; -Учествува во оценувањето на административни службеници во претпријатието и на административни службеници во други институции; -Прибира информации и податоци заради подготовка на материјали и документи кои содржат:стручни анализи на прашања кои се од значење за примената на закодавството од областа која ја покрива, стручни анализи, информации и други материјали за работни тела, предлози за планот за работа на одделението за финансиски прашања и извештај за напредокот во спроведувањето на неговата работа.
Сектор
01.Одделение за комерцинја
Реден број 6.
Шифра КДР 01 02 В01 005
Ниво В1
Звање на работно место Советник
Назив на работно место Советник за магацинско – комерцијално работење
Број на извршители 1
Одговара пред Раководител на одделение за комерција и Директорот
Вид на образование Економски науки
Други посебни услови      
Работни цели     Обезбедување на ефикасно спроведување на прописите,  грижа за целокупната наплата и набавка и врши надзор во рамките на своите овластувања.
Работни задачи           -Се грижи за квалитетно и навремено извршување на набавките -Ја следи состојбата на залихите во магацин и се грижи за конкретните залихи. -Ги прати и анализира трошоците околу набавките. -Ги спроведува јавните набавки и подготвува материјали и документи за спроведување на јавните набавки. -Врши истражување на пазар, -Ја следи документацијата за целокупната набавка. -Бара благовремена достава на налози за набавка на потребните материјали и слично. -Одговара за извршените набавки се додека истите не бидат примени од магационерот. -Во отсуство на раководителот сам одлучува за бараните набавки и во тој случај превзема одговорност за истата.
Сектор
01.Одделение за комерција
Реден број                          7.
Шифра КДР 01 02 Г01 060
Ниво Г1
Звање на работно место Самостоен  референт
Назив на работно место Самостоен референт за магацинско работење
Број на извршители 1
Одговара пред Раководител на одделение за комерција и Директорот
Вид на образование Вишо / средно
Други посебни услови  
Работни цели     Магацинско складирање на опремата и материјалот во претпријатието и други сродни работи во рамките на набавката и магацинската служба.
Работни задачи           -Врши прием на набавените материјали, опрема, ситен инвентар, гориво и мазиво и резервни делови и со потпис го потврдува приемот на истите. -По прием на материјалите организира складирање на истите во магацин било тие да одат директно по објекти на негов налог. -Издава материјали од магацин исклучиво по налог на овластено лице, а во исклучителни случаи само по одобрение на непосреден раководител. -Се грижи и одговара за уредно складирање на доверените му средства и нивна манипулација и заштита од елементарни непогоди. -Прима повратни материјали во исправна состојба врз основа на повратница издадена од овластено лице. -Повремено го известува советникот за магацинско – комерцијално работење преку раководителот на одделението за секојдневните потреби од одредени материјали што се држат како оптимална залиха. -Врши контрола за исправно направен прием, редовно и правилно раскнижување на материјалите.
       
Сектор
02.Одделение за финансии
Реден број                          8.
Шифра КДР 01 02 Б04 007
Ниво Б4
Звање на работно место Раководител на одделение
Назив на работно место Раководител на одделение за финансии
Број на извршители 1
Одговара пред Директор
Вид на образование Економски науки
Други посебни услови    
Работни цели       Раководење, организирање, насочување и координирање на работата на одделението, одговорност за извршување на работите поврзани со законско работење на Претпријатието и контрола на работите поврзани со спроведување на законите.
Работни задачи           -Ја организира, насочува и координира работа на одделението и врши непосредна контрола и надзор врз извршувањето на работите. -Соработува со другите раководни административни службеници од претпријатието и со раководни административни службеници на соодветно ниво од други органи, за прашања од делокруг на одделението со која раководи. -Распределува работи и задачите на вработените во одделението. -Обезбедува предлог програма за работа на одделението и со другите раководители на одделенија во рамки на секторот учествува во координирањето на подготовката на предлог програмата за работа на претпријатието. -Врши анализа и оценување на прашања и проблеми кои се појавуваат во финансиското работење. -Го следи стекнувањето и оформувањето на финансиските средства. -Пратење и утврдување на финансиските резултати и нивно формирање, чување и распределба. -Учествува во изготвувањето од финансиски аспект и особено се грижи за правилно склучување на договорите со деловните партнери за да не дојде до штетни последици за претпријатието. -Изработка на разни елаборати и документи од економска – финансиска природа. -Иницира нови идеи за работата во областа која ја покрива одделението.
Сектор
02.Одделение за финансии
Реден број                          9.
Шифра КДР 01 02 В01 065
Ниво В1
Звање на работно место Советник
Назив на работно место Советник за сметководство и плаќање
Број на извршители 1
Одговара пред Раководител на одделение за финансии и Директор
Вид на образование Економски науки
Други посебни услови  
Работни цели       Ефикасна примена на позитивните законски прописи од областа на сметководствено работење, навремена исплата на долгови како и обезбедување на ефикасна и ефективна пресметка на плати на вработените во претпријатието.
Работни задачи           -Темелно ги прати и проучува важечките прописи (општи и интерни) кои се однесуваат на сметководственото работење. -Се грижи за целокупната сметководствена документација и евиденција врз основа на која се спроведуваат книжењата. -Благовремено ги пресметува и уплаќа придонесите и даноците. -Непосредно работи на изработка на квартални извештаи и завршна сметка и други материјали и прегледи и одговара за запазување на роковите. -Води финансиско сметководство – копирно на дневник и синтетички сметки кои се со закон предвидени. -Води материјално сметководство на сировини, материјали, ситен инвентар, авто гуми, резервни делови и трговски стоки. -Пресметување на плата. -Прима магацински приемници и требувања и во истите ги внесува финансиските показатели. -Ракува со сите инструменти на плаќање и наплатува како што се чекови, меници, обврзници, вирмани, налози и слично. -Превзема потребни активности за исплата на долгови на претпријатието.
   
Сектор
02.Одделение за финансии
Реден број                          10.
Шифра КДР 01 02 Г01 047
Ниво Г1
Звање на работно место Самостоен референт
Назив на работно место Одговорен благајник
Број на извршители 1
Одговара пред Раководител на одделение за финансии и Директорот
Вид на образование Вишо/Средно
Други посебни услови  
Работни цели   -Jа организира работата на благајната, извршува контрола на законитоста, точноста и на исправноста на книговодствените исправи и на други парични документи во врска со благајничкото работење.
Работни задачи           -Ги следи и применува прописите од областа на финансиското и материјалното работење. -Обработува материјално финансиски документи и ликвидатура. -Работи на фактурирање. -Се грижи за навремено прибирање на книговодствени исправи. -Работи со готови пари, води нивна евиденција и оформува документација од готовинско работење во врска со законските прописи, решенија и општи акти во ЈП, предлага висина на касов максимум и се грижи за обезбедување на готови денарски средства во благајната во рамките на утврдениот касов максимум. -Врши исплата на плата според решенијата и општите акти на ЈП. -Подига готови пари и врши исплата на патни налози, готовински сметки и сл.
  1.Сектор 1. Сектор за технички работи и развој. Реден број                          11. Шифра КДР  03 05 А01 019            Ниво А01 Звање на работно место   Назив на работно место Раководител на Сектор за технички работи и развој. Број на извршители 1 Одговара пред Директор Вид на образование Машинство, Енергетика, Металургија Други посебни услови       Работни цели         Ефикасно, ефективно и квалитетно раководење со секторот, активно придонесување за остварување на програмата за работа на претпријатието и задачите од делокругот на секторот, вршење на најсложените работи од доменот на секторот и давање поддршка на целиот тим во секторот. Работни задачи           -изготвува предлог план за работа на секторот и одделенијата во склоп на секторот, поднесува извештај за работа до директорот, подготвува аналитички извештаи  во делот на функционирањето на јавното претпријатие од технички аспект; -врши непосредна контрола и надзор врз извршувањето на работите кои се однесуваат на изградба и одржување на дистрибутивната гасоводна мрежа, приклучоци, дефекти, како и снабдување со природен гас, организира редовни контроли на целокупниот дистрибутивен систем и по потреба и самиот учествува во истото за што изготвува записници на неделно и месечно ниво; -ги распоредува работите и задачите на раководителите на одделенија по потреба и на сите останатите вработени во секторот; -Ја организира работата во смени на стручните служби во консултација со директорот а по потреба и самиот учествува, ја следи изградбата на гасоводната мрежа и дистрибуцијата на гас и доколку има проблеми одговорен за нивно интервентно надминување; -врши контрола во спроведувањето на законските прописи од надлежност на секторот; -Самостојно проектира, врши контрола на целокупната проектна документација, сертификати и сл. и потпишува инвестициона техничка документација. -врши континуиран мониторинг над операциите за кои тој е одговорен и врз основа на утврдени процедури превзема брзи и соодветни мерки во однос на сите сознанија за несоодветното работење во рамките на секторот; – Одговара за непосредна примена на пропишаните мерки и средства за заштита при работа и заштита од пожар; -Учествува во изготвувањето од технички аспект и особено се грижи за правилно склучување на Договорите за приклучување и снабдување со деловните партнери за да не дојде до штетни последици за претпријатието. -дијагностицира тековни и вонредни проблеми на Секторот со кој раководи е одговороен за нивно интервентно надминување;     1.Сектор за технички работи и развој 1.1.Одделение за одржување и приклучоци Реден број                          12. Шифра КДР  03 05 А03 057            Ниво А03 Звање на работно место   Назив на работно место Раководител на одделение за одржување и приклучоци Број на извршители 1 Одговара пред Раководител на Сектор за технички работи и развој и Директорот Вид на образование Машинство, Енергетика, Металургија Други посебни услови       Работни цели Раководење со одделението, активно придонесување за остварување на работата и задачите од делокругот на одделението, вршење на  најсложените работи од доменот на одделението и давање на поддршка на вработените во одделението. Работни задачи           – Подготовува предлог план за работа на одделението  и поднесува извештај за работа до раководителот на секторот и директорот. – Раководи со одделението; ја организира, насочува и координира работата на одделението; – Ги распоредува работите и задачите на вработените во одделението, пред се во врска со дефекти на Дистрибутивната гасоводна мрежа, приклучоци и друго; – Пренесува инструкции и дава упатства за извршување на работите и задачите; – Врши непосредна контрола и надзор над извршувањето на работите и задачите на одделението; – Одговара за навремено, законито и квалитетно извршување на работите кои се вршат во одделението; – Учествува во одлучување за спроведување на конкретни одлуки за работите кои се вршат во одделението и дава препораки за нивна имплементација; – Одговара за непосредна примена на пропишаните мерки и средства за заштита при работа и заштита од пожар. – Ја организира работата во смени на вработените во одделението во претходна кординација со раководителот на секторот и директорот, ја следи изградбата на гасоводната мрежа и дистрибуцијата на гас и доколку има проблеми одговорен за нивно интервентно надминување во кординација со раководителот на секторот ;   1.Сектор за технички работи и развој 1.1.Одделение за одржување и приклучоци Реден број                          13. Шифра КДР  03 05 Б01 069            Ниво Б01 Звање на работно место Назив на работно место Инженер за услуги и одржување Број на извршители 2 Одговара пред Раководителот на Одделение за одржување и приклучоци и Директорот Вид на образование Машинство, Енергетика, Металургија Други посебни услови   Работни цели Спроведување на логистички и оперативни работи во насока на непречено функционирање на јавното претпријатие за енергетски дејности, водење грижа за непречено сменско работење, односи со корисниците а со цел законско и рационалнио функционирање на јавното претпријатие. Работни задачи           -Во согласност со бараните критериуми за квалитет, технолошките стандарди за материјали и други упатства врши техничка контрола за прием н материјали и опрема и  директно е одговорен за квалитетот и квантитетот на примените материјали и опрема и изготвување на предвидената приемна документација. -Непосредно ја организира работата при новоградби и отстранување на дефекти на дистрибутивната гасоводна мрежа во најоптимално време и според напатствијата на својот претпоставен (Раководителот на оддлението, Раководителот на секторот и Директорот) -Води група која работи на заварување на гасоводни цевки и давање на приклучоци а по потреба и самиот учествува во истото. -Комуницира со подрачното одделение за регионална координација и оперативни активности – Регионален центар за управување со кризи Куманово (ПОРКОА-РЦУК) Куманово. – Ја следи и евидентира состојбата на исправноста на целокупната дистрибутивна гасоводна мрежа детектира (открива) дефекти на целокупната дистрибутивната траса . – Ги евидентира пријавените дефекти и превзема конкретни дејствија за нивно најбрзо и најекономично отстранување а по потреба и самиот учествува во истото ; – ја организира службата на начин на постојана приправност и мобилност; – Води евиденција за сите дефекти, потрошени материјали и целокупната потребна  документација; – ги применува и контролира примената на мерките по БЗР, -по потреба работи во смени и врши и други работи кои се однесуваат на целокутната дистрибутивна мрежа по налог на претпоставениот (Раководителот на оддлението, Раководителот на секторот и Директорот). -Пријавува во подрачната единица за труд и социјална политика: Прекувремена работа, работа на државен празник и ноќна работа.               1.Сектор за технички работи и развој 1.1.Одделение за одржување и приклучоци Реден број                          14. Шифра КДР  03 05 Б01 007            Ниво Б01 Звање на работно место   Назив на работно место Стручен соработник за градилиште Број на извршители 1 Одговара пред Раководител на одделение за одржување и приклучоци и Директор Вид на образование Градежништво и водостопанство, Архитектура, урбанизам и планирање Други посебни услови   Работни цели Спроведување на логистички и оперативни работи во насока на непречено функционирање на јавното претпријатие, води грижа за корисниците и надзор над изведувачите на дистрибутивната гасоводна мрежа и целиот тим на терен, а со цел законско и рационално функционирање на јавното претпријатие. Работни задачи           -Се грижи за благовремено извршување на оперативниот план кој го прави врз база на работната документација и инструкции добиени од страна на раководителот на одделението.  -Ги распоредува работниците и дава налози за работа, ја организира работата на непосреди извршители. -Размерува,исколчува и дава напатствија за начинот на извршување на работите на објектите за изградба на гасоводната мрежа; -Одобрува место за приклучоци и одобрува превземање на материјали за изведување на објекти, преку налози; -Води евиденција за редовност на работниците на објектите -Изготвува налози за редовност на работниците на работа. -Води евиденција за правилно утрошени материјалиi; -Води градежен дневник и прави градежна книга за секој објект; -Одговорен е за непосредна примена на средства од ХТЗ.     1.Сектор за технички работи и развој   1.1.Одделение за одржување и приклучоци Реден број                          15. Шифра КДР 03 05 Б03 159 Ниво Б03 Звање на работно место Одржувач на гасна инсталација Назив на работно место Одржувач на гасна инсталација Број на извршители 4 Одговара пред Раководителот на Одделение за одржување и приклучоци и Директорот Вид на образование Градежен техничар, електро техничар, машински техничар Други посебни услови Уверение за стручно оспособување за работење со машина за челно заварување и машина за електрофузионо заварување“  Работни цели Спроведување на стручно-оперативни работи во насока на непречено функционирање со цел контролирано, законско и рационално функционирање на претпријатието за енергетски дејности и оперативни работи во насока на одржување секундарна дистрибутивна мрежа и одржување на станица за одоризација. Работни задачи           -Се грижи за исправноста на инсталацијата и непречено функционирање на истата. -Отстранува ситни дефекти и се грижи за навремено отстранување на дефекти од поголем обем. -Го следи работењето на станицата за одоризација и врши контрола и одржување на истата и се грижи за рационалноста и ефикасноста на нејзиното работење. -Врши прием на материјали и суровини за работа на станица за одоризација на природен гас редовно го известува раководителот за состојбата на материјално-технички средства на претпријатието за евентуална интервенција и решавање на истата. -Врши монтажа и демонтажа на мерно-регулациони станици -Асистира при проверка испитување и пуштање во функција на нова делница на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа. -Врши проверка на состојба на притисок на манометри и состојба на количини на природен гас на мерила. -Работи во смени и врши други работи по налог на претпоставениот во врска со гасоводната мрежа.     1.Сектор  за технички работи и развој 1.1.Одделение за одржување и приклучоци Реден број                          16. Шифра КДР 03 05 В02 001 Ниво В02 Звање на работно место Општ работник Назив на работно место Општ  комунален работник Број на извршители 3 Одговара пред Раководителот на Одделение за одржување и приклучоци  и Директорот Вид на образование Основно Други посебни услови   Работни цели Подршка во работата на гасоводна дистрибутивна мрежа. Работни задачи           -Изготвува пропусти и монтира цевки за пропусти и други објекти. -Ги врши сите работи во ниска градба околу ископ на ровот, трасирање на површини, ископи и откопи. -Врши разупирање на ровови. -Должен е да чита и познава техничка документација. -Должен е да користи заштитни средства по ХТЗ. -Разнесува песок во ровови, го планира и врши подбивањето на цевки со песок во ров. -Разнесува материјали по ровови и полага цевки. -По потреба работи во смени и врши други рабти по налог на претпоставениот во врска со гасоводната мрежа     1. Сектор за технички работи и развој. 1.2. Одделение за урбанистичко планирање, ГИС и проектирање. Реден број                          17. Шифра КДР  03 05 А03 006            Ниво А03 Звање на работно место  Раководител на одделение Назив на работно место Раководител на Одделение за урбанистичко планирање, ГИС и проектирање. Број на извршители 1 Одговара пред Раководител на Сектор за технички работи и развој. Вид на образование Геодезија, Архитектура урбанизам и планирање, Градежништво и водостопанство Други посебни услови   Работни цели   Ефикасно, ефективно и квалитетно Раководење,организирање и координирање на работата во одделението Работни задачи           -Раководи со одделението; -Ја организира, насочува и координира работата на одделението,пред се во врска со проектирање,внесување на податоци,геодетски работи; -Ги распоредува работите и задачите на вработените во одделението; пренесува инструкции и дава упатства за извршување на работите и задачите; -Врши непосредна контрола и надзор над извршувањето на работите и задачите на одделението; Одговара за навремено, законито и квалитетно извршување на работите кои се вршат во одделението; -Учествува во одлучување за спроведување на конкретни одлуки за работите кои се вршат во одделението и дава препораки за нивна имплементација одговара за непосредна примена на пропишаните мерки и средства за заштита при работа. 1. Сектор за технички работи и развој. 1.2. Одделение за урбанистичко планирање, ГИС и проектирање. Реден број                          18. Шифра КДР  03 05 Б01 076           Ниво Б01 Звање на работно место Назив на работно место Проектант од областа на градежништвото Број на извршители 1 Одговара пред Раководителот на Одделение за урбанистичко планирање, ГИС и проектирање и Директор Вид на образование Градежништво и водостопанство Други посебни услови   Работни цели Проектирање, надзор и градба на гасификациона дистрибутивна мрежа. Работни задачи           -Изготвува техничка документација за изградба на инвестициони објекти. -Прибирање податоци за проектирање. -Водење на подземен катастар за изградба гасоводна мрежа како и катастар на сите промени. -Прибира понуди од изведувачите и предлага на органите за донесување на одлуки за истите. -Вади градежни дозволи и дозволи за градба на објекти кои се градат. -Одговорен е за изградба на инвестициони објекти. -Се грижи за квалитетна и навремена реализација на веќе започнатите инвестициони активности. -Ги следи законските прописи, државните и меѓународните стандарди од областа на инвестирањето во гасна техника. -Врши надзор на објекти во изградба од областа на градежништвото. -Одговорен е за непосредна примена на средства од ХТЗ.           1. Сектор за технички работи и развој. 1.2. Одделение за урбанистичко планирање, ГИС и проектирање. Реден број                          19. Шифра КДР  03 05 Б01 057            Ниво Б01 Звање на работно место   Назив на работно место Проектант од областа на машинството Број на извршители 1 Одговара пред Раководител на Одделение за урбанистичко планирање, ГИС и проектирање и Директор. Вид на образование Машинство, Други посебни услови   Работни цели  Проектирање, надзор и градба на гасификациона дистрибутивна мрежа(машински дел) Работни задачи           -Врши истражување на научно – техничките достигнувања во областа на развојот на технолошките процеси и врз тоа врши проектирање на идејни и главни проекти на нови и адаптација на постојните гасни инсталации и опрема -Изготвува техничка документација за изградба на инвестициони објекти. -Прибирање податоци за проектирање. -Водење на подземен катастар за изградба гасоводна мрежа како и катастар на сите промени. -Прибира понуди од изведувачите и предлага на органите за донесување на одлуки за истите. -Вади дозволи поврзани со дистрибутивната мрежа -Учествува во реализација на проектот при негово изведување и пуштање во пробна употреба. -Се грижи за квалитетна и навремена реализација на веќе започнатите инвестициони активности. -Ги следи законските прописи, државните и меѓународните стандарди од областа на инвестирањето во гасна техника. -Врши надзор на објекти во изградба од областа на машинство     1. Сектор за технички работи и развој. 1.3.Одделение за механизација Реден број                          20. Шифра КДР  03 05 А03 091            Ниво А03 Звање на работно место   Назив на работно место Раководител на одделение за механизација. Број на извршители 1 Одговара пред Раководител на Сектор за технички работи и развој и Директор Вид на образование Машинство, сообраќај и транспорт Други посебни услови   Работни цели   Раководење,организирање и координирање на работата во одделението за механизација Работни задачи           -Раководи со одделението; ја организира, насочува и координира работата на одделението,пред се во врска со градежните машини и камиони; -ги распоредува работите и задачите на вработените во одделението; -пренесува инструкции и дава упатства за извршување на работите и задачите; -врши непосредна контрола и надзор над извршувањето на работите и задачите на одделението; -одговара за навремено, законито и квалитетно извршување на работите кои се вршат во одделението; -учествува во одлучување за спроведување на конкретни одлуки за работите кои се вршат во одделението и дава препораки за нивна имплементација -одговара за непосредна примена на пропишаните мерки и средства за заштита при работа во одделението;  -ги применува и контролира примената на мерките по БЗР;           1. Сектор за технички работи и развој. 1.3 Одделение за механизација. Реден број                          21. Шифра КДР  03 05 Б03 018            Ниво Б03 Звање на работно место Возач на камион Назив на работно место Возач на камион Број на извршители 1 Одговара пред Раководител на одделение за механизација.. Вид на образование Средно Други посебни услови Возачка дозвола Б и Ц категорија Работни цели Истовар на земја и песок, работа со градежни машини Работни задачи         -Ракува со возилото и одговара за материјалот кој го транспортира; -се грижи за техничка исправност на возилата; -се грижи за нивно правилно и рационално користењe; -врши помали поправки на возилото го чисти  и ги применува мерките за БЗР; -непосредно одговара за својата работа пред одговорен за возачи; -по потреба работи во смени и врши други работи по налог на претпоставениот а во врска со механизација.     1. Сектор за технички работи и развој. 1.3. Одделение за механизација Реден број                          22. Шифра КДР  03 05 Б03 007            Ниво Б03 Звање на работно место   Назив на работно место Возач и ракувач на машина Број на извршители 1 Одговара пред Раководител на одделение за механизација и Директор. Вид на образование Средно Други посебни услови Диплома(Уверение) за ракување со градежна машина Работни цели Работа со градежни машини Работни задачи           -Ракува со градежната машина и одговара за материјалот кој го транспортира; -се грижи за техничка исправност на машината; -се грижи за нивно правилно и рационално користењe; -врши помали поправки на возилото го чисти  и ги применува мерките за БЗР; -по потреба работи во смени и врши други работи по налог на претпоставениот  и Директорот ,а во врска со механизација.

V. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 21

Овој Правилник може да се измени и дополни на начин и постапка како и при неговото донесување.

Член 22

Со влегувањето во сила на овој Правилник престанува да важи Правилник за систематизација на работни места во Јавното претпријатие Куманово-гас – Куманово број 02-406/1  од 10.11.2016 година

Член 23

Овој Правилник влегува во сила со денот на донесувањето, a ќе се применува по добиената согласност од Министерството за информатичко општество и администрација и Управниот одбор на ЈП Куманово-гас.

Изготвил:                                                                                         ЈП „Куманово-Гас“ Куманово

                                                                                                                       В.Д Диреткор

________________                                                                        ______________________________

м-р Кристина Темелковска дипл.правник                                 м-р Никола Денковски дипл.економ

VII.ТАБЕЛАРЕН ПРЕГЛЕД НА РАБОТНИТЕ МЕСТА

Р. бр. шифра Звање и/или назив на р.м. Број на систем. р.м   Број на пополнети. р.м.
  Админ. Сл. Дават. на услуги Пом. Тех. пе
11 КДР 01 02 Б01 022 Помошник директор 1 1 / /
22 КДР 01 02 В01 019 Советник за административно правни работи и управување со човечки ресурси 1 / / /
43 КДР 01 02 Г01 007 Самостоен референт – Технички секретар на директорот 1 1 / /
44 КДР 01 02 Г01 001 Самостоен референт за безбедност и здравје при работа 1 / /  
55 КДР 01 02 Б04 008 Раководител на одделение за комерција 1 / / /
66 КДР 01 02 В01 005 Советник за магацинско – комерцијално работење 1 / / /
67 КДР 01 02 Г01 060 Самостоен референт за магацинско работење 1 / / /
88 КДР 01 02 Б04 007 Раководител на одделение за финансии 1 / / /
99 КДР 01 02 В01 065 Советник за сметководство и плаќање 1 1 / /
110 КДР 01 02 Г01 047 Самостоен референт – Одговорен благајник 1 / / /
111. КДР 03 05 А01 019 Раководител на сектор за технички работи и развој 1 / 1 /
112. КДР 03 05 А03 057 Раководител на одделение за одржување и приклучоци 1 / / /
113 КДР  03 05 Б01 069           Инженер за одржување и услуги 2 / 1 /
114 КДР 03 05 Б01 007 Стручен соработник за градилиште 1 / 1 /
115 КДР 03 05 Б03 159 Одржувач на гасна инсталација 4 / 2 0
116 КДР 03 05 В02 001 Општ Работник 3 / / 0
117 КДР 03 05 А03 006 Раководител на одделение за урбанистичко планирање, ГИС и проектирање 1 / /  
118 КДР 03 05 Б01 076 Проектант од областа на градежништвото 1 / /  
119 КДР 03 05 Б01 057 Проектант од областа на Машинството 1 / /  
120 КДР 03 05 А03 091 Раководител на одделение за механизација 1 / /  
221 КДР 03 05 Б03 018 Возач на камион 1 / /  
222 КДР 03 05 Б03 007 Возач и ракувач на машина 1 / /  
                                                                                           Вкупно                      28   3     5     0

Бр.02-214/1

15.07.2019 год.

Куманово

Start typing and press Enter to search