Мерки за безбедност

БЕЗБЕДНО КОРИСТЕЊЕ НА ГАС

Почитувани потрошувачи!

Упатство за безбедно користење на гас е наменето пред се за потрошувачите. Со советите наведени во оваа упатство помагаме, на потрошувачите за да можат безбедно да ги користат своите гасни уреди. Покрај оваа упатство сите потрошувачи треба да се придржуваат на важечките прописи врзани за гасна техника како и на упатствата за работа на гасните уреди кои ги дава производителот на истите. Истотака потребно е да се нагласи дека изведувачот на работите заедно со овластениот сервисер при самото приклучување на потрошувачот на гасна дистрибутивна мрежа, должен е да даде објаснување за начинот на ракување со вградените гасни уреди.

Се надеваме дека оваа упатство ќе ви користи на Вас и дека со помош на овие совети правилно ќе ракувате со Вашите гасни уреди, со што дури и ќе ја намалите потрошувачка на гас.

Со почит,

ЈП „Куманово-Гас“ Куманово

ШТО ТРЕБА ДА СЕ ЗНАЕ ЗА ПРИРОДНИОТ ГАС!

ЈП „Куманово-Гас“ Куманово е овластен дистрибутер на природен гас на територија на општина Куманово.

Природниот гас е квалитетен и чист енергент, кој се наоѓа во внатрешноста на земјата. Од извориштата, гасот се праќа преку цевководи на преработка, а после тоа низ магистралниот гасовод до главната мерно-регулациона станица која се наоѓа на влезот во Куманово.

Природниот гас е гас без боја и мирис и поради тоа во мерно регулационата станица мора да се одоризира. Одоризација е процес на додавање на карактеристичен мирис на природниот гас. Доколку дојде до слободно истечување на гасот можеме да го осетиме по мирис (одорант) кој му се додава. Природниот гас не е отровен, али во поголеми количини го одзема воздухот, поради тоа може да дојде до незгода во смисла на гушење. Полесен е од воздух, и поради тоа при истечување го напушта воздушниот простор. Концетрацијата на природниот гас во воздухот од 4,9% до 15,4% е експлозивна. Составот на природниот гас е 90-95% метан, 3-5% тешки јаглени хидрати (етан, пропан, пентан) и 1-3% инертни гасови (јаглендиоксид, азот). Топлотната моќ на природниот гас е скоро иста како кај јагленот и изнесува 32-37 MJ/Stm³.

Во модерните (новите) гасни уреди при согорувањето на гасот постигнуваме степен на корисност од 80% до 93%, уз максимален конфорт, рационалност и минимално загадување на животната средина.

БЕЗБЕДНО КОРИСТЕЊЕ НА ПРИРОДНИОТ ГАС!

Ако некаде во куќата, станот, подрумот или на улица го осетите мирисот на гас или приметите истечување на гас, ВЕДНАШ направете го следново:

  1. ВЕДНАШ УГАСИТЕ ГО СЕКОЈ ПЛАМЕН !
  2. ВЕДНАШ ОТВОРЕТЕ ГИ ПРОЗОРИТЕ И ВРАТИТЕ !
  3. ВЕДНАШ ИСКЛУЧЕТЕ ГО ДОВОДОТ НА ГАСОТ (ЗАТВОРЕТЕ ЈА ИЗЛЕЗНАТА СЛАВИНА ВО (КМРС) !
  4. ВО ПРОСТОРИЈАТА ВО КОЈА ЌЕ СЕ ОСЕТИ МИРИСОТ НА ГАСОТ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ВЛЕГУВА СО ОТВОРЕН ПЛАМЕН !
  5. ДА НЕ СЕ ПАЛИ КИБРИТ И ЗАПАЛКА !
  6. ДА НЕ СЕ ВКЛУЧУВААТ ЕЛЕКТРИЧНИ ПРЕКИДАЧИ И ЕЛЕКТРИЧНО ЗВОНЦЕ, ДА НЕ СЕ ИЗВЛЕКУВААТ УТИКАЧИТЕ КОИ СЕ ВО УТИЧНИЦАТА !
  7. ДА НЕ СЕ ПУШИ !
  8. СВЕТЛОТО МОЖЕ ДА СЕ ЗАПАЛИ ДУРИ КОГА МИРИСОТ НА ГАСОТ ПОВЕЌЕ НЕ СЕ ЧУВСТВУВА !
  9. ЕВЕНТУАЛНИТЕ ОШТЕТУВАЊА НА ГАСНАТА МРЕЖА НЕ СМЕЈАТ САМОСТАЛНО ДА СЕ ПОПРАВААТ !
  10. ИЗВЕСТЕТА ГО ДИСТРИБУТЕРОТ НА ГАСОТ НА ТЕЛЕФОН 475-579

ЗА ВАША СИГУРНОСТ !

Ако во станот го почувствувате мирисот на гасот, зада проветрите, ВЕДНАШ отворете ги прозорците или вратите, а потоа затворете ја излезната гасна славина во куќниот мерно регулационен сет (жолта кутија). Немој да палите оган, не вклучувајте ги електричните уреди и ВЕДНАШ ОБАВЕСТЕТЕ ЈА ГАСНАТА СЛУЖБА !

Start typing and press Enter to search